0 коментари 1 мин. читање

Windows Phone 7 Mango пристига за „недела, две“

Microsoft на својот Windows Phone блог откри дека најновата надоградба на мобилниот оперативен систем која ќе донесе бројни новини, Mango, ќе се појави за „недела, две“. Надополнета е и листата на достапни надоградби.

За време на официјалното Windows Phone 7.5 надградување, секој Windows телефон ќе добие софтвер од производителот на телефонот, вели Ерик Хаутала од Microsoft, што ќе биде соодветно според фирмверот на телефонот и апликациите кои ќе работата на Mango.

Microsoft предупреди и да се избегнува да се инсталираат неофицијални или украдени копии на Windows Phone софтверот. Препораката од Microsoft e да се избегнат „bootleg надградби и домашни алатки“.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top