0 коментари 2 мин. читање 23 септември, 2011

Halo Reach: Меган Фокс vs вас

Што им е заедничко на Мила Кунис и Меган Фокс? Освен дека се преубави девојки, овие две холивудски звезди се што… верувале или не… гејмери! Можеби не се хардкор, но се доволни активни во игрите да станат сон на сите гикови. Во последното интервју за Collider Меган изјави:

„Играм HALO, можете да го прашате мојот сопруг целосно зум заразена од играта. Целосно сум зависна од играта. Ја играм Halo: Reach, но играм онлајн. Повеќе не ја играм кампањата во играта.

На прашање дали ја препознаваат во играта, Фокс вели „Луѓето со кој играм немаат поим кој сум јас. Ми се смејат на мојот таг бидејќи е смешен. Сите тие се машки и јасно им е дека сум женско и затоа ми се потсмеваат на моето име, но не знаат дека ми се потсмеваат мене.“

Па Xbox гејмери кога следниот пат ќе нанишаните некого имајте предвид дека тоа можеби е Меган Фокс.

За Мила Кунис веќе подолго време се знае дека еден период беше зависник од World of Warcraft, заедно со Меколи Калкин, Вин Дизел, Камерун Диаз и бројни други ѕвезди.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top