14 коментари 1 мин. читање

Како да го aктивирате Facebook Timeline

Facebook го претстави Timeline, нов личен профил кој ја раскажува вашата приказна на повизуелен начин истакнувајќи ја и постарата содржина која што сте ја споделиле. Timeline не е активен во моментов, ќе биде во наредниов перод, можеби недела-две, но има начин како да го добиете сега веднаш и да го истражите.

Подолу се инструкции како да го активирате Timeline, но бидејќи е верзија за програмери очекувајте грешки. Исто така само вие на почеток ќе може да го гледате вашиот Timeline, и другите програмери, се додека не стане јавен за неколку ден или недела-две. Причината е дека Timeline не е копатибилен со „старите“ профили. Следете ги следниве чекори:

  • Логирајте се на друштвената мрежа
  • Активирајте го „програмерскиот мод“. Пребарајте developer во Facebook пребарувачот, кликнете на Developer App. Ова ќе ви даде пристап до опциите за програмери со можност да креирате апликации.
  • Oтворете ја апликацијата.
  • Креирајте нова ваша апликација.

  • Ќе бидете префрлени на менито за едитирање на апликацијата. Отидете на Open Graph линкот од менито на левата страна. Внесете на англиски некоја активност. Moжеби Facebook ќе пријави грешка, игнорирајте ја и пробајте пак.

  • Ќе бидете префрлени на Action Type менитo.
  • Почекајте 2 минути.
  • Отидете на вашиот профил каде би требало да ве чека покана да го пробате Timeline.
  • Истражите и поиграјте си со новиот Timeline.
Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

14 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top