Ќе мора да сте онлајн за да играте Diablo 3?

Avatar img-thumbnail img-circle

во Свет, Софтвер

Една од најкоментираните гејминг вести неделава секако е Diablo 3 и пуштањето на бета верзијата на оваа игра. Но не се сите добри вести врзани со третото продолжение на култната игра, Activison Blizzard објави дека ќе треба да имате активен battle.net профил и пристап до интернет за цело време додека ја играте играта. Ова е наводно со цел  да се заштитат од злоупотреби и од пиратирање. Активниот интернет пристап ќе биде потребен и за да се користи и аукцијата. Ќе постои и апликација за мобилни телефони со која ќе можете да ги користите услугите на онлајн аукциите, слична е веќе достапната за World of Warcraft.

Од останатите услуги поради кои вие потребен перманентен интернет пристап издвоени се: листата на пријатели, RealID системот, зачувување на карактерите на серверите, играч против играч, банка за сите каракери на профилот и системот за достигнувања. И покрај најавите за овие „подобрувања“ веќе има петиција на форумот на battle.net која бара од Blizzard да ја симнат задолжителната поврзаност на интернет додека играте.

[poll id=”18″]

Некако веќе се навикнавме дека кога станува збор за играње на кампањи за еден играч онлајн повеќе станува збор за мерка против пиратството отколку за подобрување на квалитетот на услугите на играчите. Blizzard не се првите кои сакаат да обезбедат онлајн конекција како мерка против пиратите, претходно тоа го направија и EA Games со EA профилот и Ubisoft со озлогласениот DRM (Digital Rights Management). Исто како Diablo 3 и насловите Driver: San Francisco и From Dust на Ubisoft бараа од корисникот да биде онлајн додека игра. Ова се разбира доби многу лоши коментари меѓу кои најгласен можеби беше креаторот на Minecraft, Маркус Персон кој го нарече целиот концепт тотално луд. И покрај проблемите кои ги имаа со паѓањата на серверите се чини дека целиот концепт работи, барем некое време…

Во aприл, два месеци по објавувањето на заштитата хак конзорциумот Skid Row целосно ја отстрани оваа заштита од играта Assasins Creed 2 и по ова им ја испратиа следнава порака на Ubisoft:

Ви благодариме Ubisoft за предизвикот, но ништо не ја спречува водечката сила  во  тоа што го прави. Следниот пат фокусирајте се на играта, а не на DRM. DRM најверојатно беше ужасно искуство за луѓето кои ја купиле играта. Само што им го олеснивме животот…   

Неколку месеци по ова Ubisoft го тргна DRM од своите производи.

Што се однесува до игрите од Blizzard кои бараат онлајн конекција како World of Warcraft, Starcraft II или претходниците на Diablo до сега битката со пиратеријата ја добиjа пиратите. И покрај значително полошото гејмплеј искуство кое го нудат приватните сервери, сепак ги има во огромен број и најчесто не доцнат премногу со новостите од World of Warcraft.

Уште една проблематична работа која може да ги загрижи играчите е користењето на вистински пари за играчите кои имаат повеќе пари за купување на работи од играта, па целото ова на крај може да испадне азиски ММО. Ако поголемиот број на корисници  и играчи на игрите им сугерират на Blizzard дека ова и онлајн играњето не им се допаѓа најпаметната работа која можат да ја направат таму е да ги послушаат фановите кои и помогнаа на оваа компанија да стане тоа што е денес наместо да го вртат увото со кое послабо слушаат кон нив.

Без разлика на тоа што можете да бидете сигурни дека најдоцна по неколку месеци ќе постојат пробиени верзии на играта, ако ви се допаѓаат игрите на Blizzard, поддржете ги и купете ја играта. Aко не ви допаѓаат можете слободно и да ја прескокнете Diablo 3.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk