Adobe најавија дека на почеток од октомври ќе лансира новите верзии на Flash Player и AIR кои ќе конечно ќе подржуваат 3Д игри и далеку поквалитетeн видео стриминг од 1080p. Новите подобрувања ќе придонесат за подобро мобилно веб искуство. На својата девелоперска конференција Max, Adobe ќе гo претстави новиот Flash Player 11 и AIR 3 со цел да покаже дека и покрај силната конкуренција Flash е сè уште важен на пазарот, и дека Adobe инвестира во него.
Според компанијата, Flash Player 11 и AIR 3 ќе им овозможи поддршка за 2Д и 3Д хардверски забрзан рендеринг чиј перформанс ќе биде 1.000 пати побрз од претходните верзии, Flash Player 10 и AIR 2. Покрај ова, новите верзии подржуваат локални екстензии кои ќе им овозможат на програмерите пристап до разни податоци и документи на уредите, како и пристап до хардверските можности како што се сензори за светлина, двојни екрани, акцелометри и многу други опции. Flash Player 11 и AIR 3 ќе им овозможат на програмерите да креираат игри со ист квалитет како оној кој може да се најде во игрите за конзоли.
Комбинацијата на Flash Player 11 и AIR 3 ќе придонесе да се креираат апликации на голем број на платформи како што се Android, Mac, Blackbarry, Windows, и што е најважно на голем број на паметни телефони. Ануп Мурарка, продукт маркетинг директор за Flash, изјави дека компанијата очекува до крајот на годината 200 милиони паметни телефони и таблет компјутери, вклучувајќи iOS уреди, да користат Flash апликации. Таа бројка се очекува да порасне на 1 милијарда до 2015.







