0 коментари 2 мин. читање 20 септември, 2011

Google Wallet сега е достапен за американските корисници

Google објави прва верзија од својата Wallet апликација во која се складираат кредитните картички, и со која може да се плаќа преку паметен телефон, односно преку NFC (Near-field communication) читач. Апликацијата првин беше претставена во мај, а сега е пуштена за користење на сите aмерикански корисници на City Mastercard кредитната картичка.

Најголемиот проблем со кој се соочува Google Wallet е компаниите да ги прифатат компатибилните NFC читачи според нови спецификации кои ќе можат да ја извршат наплатата. Сепак Google најави поддршка од Visa, Discover и Аmerican Express картички, кои заедно со MasterCard, ќе помогнат Wallet да биде корисна апликација и прифатлив начин на плаќање.

Според тоа што може да се прочита, мобилниот паричник е и релативно побезбеден од носење на картичките бидејќи кога eкранот на телефонот се гаси, се гаси и чипот на трансмитерот кој не може да зачувува податоци. Дополнително се внесува PIN секогаш при наплаќање доколку апликацијата не се користи во следните 30 минути.

Идејата за мобилно плаќање е одлична, останува да видиме како Google и финансиските гиганти ќе ја изведат за да може да биде стандард при наплаќањето. Ако не Google, тогаш сигурно некој друг…

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top