0 коментари 1 мин. читање

Oбјавено првото API за Google+

Google го објави првото API за својата друштвена мрежа, што е прв чекор да се овозможи програмерите да креираат апликации.

„Јас сум супер возбуден за како Google+ проектот го носи богатството и нијанса на споделувањето од реалниот живот во софтвер, и денес го најавуваме првиот чекор кон донесување на вашите апликации со стартување на Google+ API за јавни податоци.“, вели Google-овиот програмер Крис Чабот.

Првотот API ќе биде само за извлекување на јавни постови и кориснички податоци кои се одбележани како јавни. Пример, апликации како TweetDeck ќе можат да прикажуваат јавни постови од Google+, но нема да може да се постира на мрежата преку нив.

Иако не секој корисник споделува јавни постови, сепак API-то ќе послужи кога ќе бидат објавени бизнис профилите. Се уште не е јасно зошто Google не дозволува да се стартуваат бизнис профили (налик на фан страни на Facebook), иако веќе воведе опции за верификација на профилите.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Мени
Заедница
Изглед
To top