0 коментари 1 мин. читање

AppsFire: Постојат повеќе од еден милион апликации за паметни телефони

Пазарот на паметни телефони сè повеќе расте, а со тоа и бројот на мобилни апликации. Во извештај на платформата за откривање апликации AppsFire стои дека вкупниот број на објавени апликации на Apple App Store и Android Мarket изнесува еден милион.

Според AppsFire не сите апликации се активни, поточно не се сите апликации достапни за преземање. Бројот на активни апликации изнесува отприлика 80 oтсто. Распределбата на бројот на апликации е скоро еднаква помеѓу Apple App Store и Android Market. Пазарот за апликации на Apple зафаќа 52%, или 520.000 од вкупниот број на објавени апликации, без разлика да се активни или не.

Платформата за откривање апликации AppsFire предвидува дека до крајот на годината бројот на активни мобилни апликации ќе изнесува еден милион. Како што може да се види на нивната графа, се предвидува дека бројот на апликации за Android ќе изнесува 500.000, додека бројот на апликации за iOS ќе изнесува 550.000.

Напишано од

Мартин Јочвески е дипломиран филолог, основач на музичкиот веб сајт, Bass Infusion, како и радио водител на Канал 103 и Студент ФМ. Покрај љубовта кон музиката, Мартин има огромен интерес за најновите остварувања во информатичката технологија и мобилната телефонија.

Мени
Заедница
Изглед
To top