Интересот за персонални компјутери сè повеќе опаѓа

во Свет, Хардвер

Се чини дека се помоќните лаптопи и се поатрактивните таблет компјутери можат да го заменат персоналниот компјутер. Според компанијата за истражување на информатичката технологија Gartner, пратките на персонални компјутери во 2011 и 2012 ќе пораснат за 3,8 oтсто во 2011, и 10,9 отсто во 2012. Истата компанија претходно имаше предвидување во кое стоеше дека пратките на персонални компјутери во 2011 ќе пораснат за 9,3 проценти, додека во 2012 ќе пораснат за 12,8 проценти. Според Gartner, оваа година ќе бидат испорачани 352 милиони персонални компјутери, додека догодина таа бројка ќе изнесува 404 милиони.

Новото поправено предвидување претставува навистина лоша вест за иднината на персоналните компјутери. Доколку продолжи овој тренд, наскоро индустријата за персонални компјутери нема воопшто да има пораст. На почетокот од 2010 година, испораката на персонални компјутери имала пораст од 18,9 проценти, за во ноември 2010 таа бројка да изнесува 15,9 проценти.

Според истражучката компанија причината за намалувањето на испораката на персонални компјутери се должи на лошата економија која го има зафатено светот. Друга причина е и присуството на лаптопите и сè поголемата популарност на таблет компјутерите, кои во изминатиот период се особено популарни кај помладата популација.

Интересно е тоа што Gartner не е единствената компанија која вели дека таблет компјутерите му наштетуваат на пазарот на персонални компјутери. Компанијата за истражување IDC на почетокот од оваа година исто така изјави дека таблет компјутерите се голема конкуренција на персоналните компјутери.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk