iPhone не е веќе кул за помладите, вели директор на HTC

во Мобилни, Свет

Доколку имате iPhone тогаш не сте во мода, барем така смета претседателот на HTC Америка, Мартин Фихтер, кој на конференцијата Mobile Future Forward во Сиетл изјави дека младите во iPhone не гледаат паметен телефон кој е „кул“. Овој заклучок тој го има добиено по разговор со пријателите на неговата ќерка, по што неформално направил анкета за нивниот избор на паметни телефони.

Според претседателот на HTC Америка, ниту еден од пријателите на неговата ќерка не поседувал iPhone и не го сакале овој паметен телефон бидејќи нивните родители го користат. Сите млади со кои разговарал поседувале HTC, Samsung, па дури и непознати кинески паметни телефони.

„Ние тука користиме iPhone, но на нашите деца тој не им е веќе кул.“, вели г. Фихтер.

HTC Sensation XE со Beatsaudio

Благодарение на својата универзалност, HTC зема се поголем замав на пазарот за паметни телефони нудејќи модели кои работат и на Android и на Windows Phone 7. Нов потег на тајванската компанија e да ги направи паметните телефони уште позабавни за помладата публика. Токму затоа HTC неодамна купи поголем дел од акциите на аудио компанијата Beats на Dr. Dre, со цел да ја искористи популарноста на брендот Beats и со него да се обиде да го освои и американскиот пазар.

Само по еден месец, HTC веќе го има првиот уред кој е производ на соработката со Beats. Станува збор за моделот Sensation XE кој треба да се појави на крајот од септември. Покрај одличните карактеристики, како што е 1,5 GHz dual-core процесор, најнова верзија на Android, 4,3 инчен HD дисплеј, 8 GB или 16 GB microSD картичка, Sensation XE доаѓа и со слушалките Monsters Beats by Dr.Dre.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments