10 коментари 2 мин. читање

Microsoft го претстави Windows 8

Microsoft на BUILD конференцијата го претстави Windows 8 пред програмерите, објаснувајќи ги сите нови функциии на новиот двоен оперативен систем наменет за десктоп и таблет компјутери, и сите нови можности за како ќе функционираат апликациите.

Windows 8 е изграден врз новата Metro платформа која не е компатибилна со стариот Windows API, која е наменета за користење со допир и која поддржува бројни јазици за програмирање и веб технологии како JavaScript, HTML, CSS, со цел да го истурка Windows од десктоп во вид на мобилен оперативен систем кој ќе има интеграција со друштвените мрежи и ќе може да се користи за веб апликации кои ќе се симнуваат од Windows Store.

Интерфејсот на Windows 8 за таблет компјутерите е комплетно редизајниран, наликува на Windows Phone, и поддржува апликации на цел екран и контрола со лизгање на прстите, повторно со цел да се освои пазарот на таблет компјутери. Има мултитаскинг, односно се овозможува две апликации да го поделат екранот.

Интересно, Microsoft ќе го следи примерот на Аpple, односно ќе одобрува кои апликации ќе се појават на таблет верзијата. Според Microsoft, програмерите ќе добијат одговор по 24 часа откако ќе ја пријават апликацијата.

Windows за десктоп ќе користи стандарден и Metro UI за стартување на новите и користење на постарите апликации. Тоа што е интересно е што Windows 8 ќе има нова кул Refresh опција да се „освежи“ компјутерот, односно опција во Control Panel со која компјутерот го добива истиот ефект на рестартирање, пример затварање на неупотребени апликации и чистење на меморијата, но без да бидат изгасени апликациите и изгубени фајловите.

Windows 8 ќе има Windows Assessment Consola за детално следење на перформансите на компјутерот, ќе има Internet Explorer 10 кој ќе биде на цел екран, ќе има можност за користење на Windows низ неколку различни уреди и секако бројни можности за поврзување со облакот за користење на разни веб сервиси на Microsoft…

Конференцијата се уште трае, следете ја во живо на http://www.buildwindows.com/

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

10 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top