0 коментари 1 мин. читање

Со Click.to копирај и сподели само со ctrl+c

Click.to е апликација за Windows XP, Vista или 7 кој ја претвара познатата комбинација за копирање на селектиран текст, ctrl+c, односнo copy функцијата, во супер алатка за споделување содржина на разни сервиси: Facebook, Twitter, Google, Gmail, Word, Excell, Flickr, Еvernote и многу, многу други.

Инсталирајте го овој додаток за Windows и одберете го софтверот и сервисите што најчесто ги користите. Потоа при секое означување и копирање на текст со ctrl+c ќе ви се појави листа со програми да одберете и да го споделете тој означен текст, линк или слика, или клучен збор кој веднаш се пребарува од Google. Click.to има и опција да си направите кратенка со друга комбинација на копчиња пример ctrl+f за кога ќе означите нешто тоа веднаш да биде ископирано и споделено пример на Facebook.

Click.to е сервис објавен во јули и е дело на германскaта компанија Axonic.

(via Mashable)

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top