Мicrosoft најави во блог пост дека Windows 8 ќе стартува многу, многу побрзо од неговите претходници.
Според анкета на Microsoft, 57 отсто од десктоп корисниците и 45 отсто од корисниците на лаптопи и ноутбукови комплетно ги гасат машините, наместо да ги стават во хибернација, главно да се избегне трошењето на електрична енергија. Ова значи и дека оперативниот систем поспоро стартува, па затоа Microsoft направени промени во Windows 8 во кој сега кернел сесиите се префрлаат на диск, односно при гасење оперативниот ситем хибернира наместо да се гаси целосно и да мора се да се вчитуваат корисничките сесии од почеток, туку тие од диск се префрлуваат назад во меморијата. Ова резултира во побрзо стартување, околу 30-70% побрзо, зависно од тоа што има инсталирано на компјутерот.

Тоа што е интересно е што Microsoft објави видео во кое го бутира Windows 8 за 2 секунди. Мојот Windows 7 се стартува за скоро 2 минути, што го прави стартувањето од 2 секунди скоро неверојатно, но треба да се има на ум дека ова е демо со оптимизиран ОС и машина. Сепак, ако Microsoft успее да го намали стартувањето дури и на 30 секунди, многу повеќе од тоа што е демонстрирано, тогаш би бил задоволен.









кратено е видеото приметете на 0:33 каде е сечено
да, и јас истото го забележав 0:32, fake видео
Лол колку нема везе. Со доволно брз хардвер има да лета. На мојов пц му требаат 6 секунди да се подигне, а со ssd и малку појак процесор комотно е можно тоа и во 2.
Главното прашање е дали 8мицата ќе користи повеќе или помалку ресурси од 7мицата. Тоа што се бутира побрзо не е нешто премногу револуционерно. Мојот PC колку сака нека се „крева“ побрзо, ако ми треба повеќе RAM и процесорска моќ, ништо не ми значи тоа.