Google влегува во бизнисот со ресторани, го купи Zagat

во Веб, Свет

Со купувањето на Zagat, Google не инвестира во ИТ компанија или стартап, туку во 32 години стар издавач на водичи за ресторани и шопинг центри во 100 градови ширум светот.

Zagat продава по 5 милиони принтани и дигитални водичи годишно. Сите водичи се креираат со оценки од разни рецезенти. Покрај водичите, сервисот има и мобилни апликации и наплаќа пристап до својата онлајн содржина. Пред аквизацијата, Google имаше договор со Zagat да ги истакнува нивните рецензии кога некој пребарува локални ресторани на Google Maps.

Google ќе може да го искористи Zagat во комбинација со +1 копчето и Google+ за да сервира рецензии за локални резултати врзани со локацијата.

„Oдејќи напред, Zagat ќе биде камен-темелник на нашата локална понуда – радувајќи ги луѓето со нивниот импресивен избор на рецензии, оценки и увиди, и овозможувајќи им да најдат неверојатни (и обични) искуства ширум светот.“, вели Мариса Мајер, која работи во Google како продукт менаџер и која сега ќе го води овој локациски проект со Zagаt.

Според неа, Zagat може да биде најраната форма на UGC (кориснички генерирана содржина) за собирање и дистрибуриање рецензии и оценки за ресторани и места. Во моментов скоро сите локациските сервиси (и сервиси за кориснички рецензии како Yelp) бараат од самите корисници да споделат рецензии за некое место. Разликата меѓу нив и Zagat е што вториов сервис има 32 години искуство како да ги претвори тие рецензии во релевантни водичи. А со помошта на Google, тие водичи ќе бидат дистрибуирани кон правите луѓе, кон тие што ги пребаруваат.

Деталите за аквизицијата не се откриени.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments