1 коментар 2 мин. читање 9 септември, 2011

Windows 8 ќе се појави следната недела на таблет компјутер од Samsung

Microsoft на BUILD конференцијата, која започнува на 13-ти септември, ќе го претстави новиот оперативен систем. Новиот Windows 8 e редизајниран оперативен систем кој ќе се користи како на десктоп компјутерите, така и на таблет уредите со интерфејс на допир. Токму за да ја покаже компатибилноста, Microsoft ќе ja претстави „осмицата“ на таблет компјутер од Samsung.

Откако стартуваат комплетно нов мобилен оперативен систем и заедно со Nokia целат да станат конкурентни на пазарот на паметни телефони, следниот чекор на Microsoft е со новиот Windows да се активира во пазарот на таблет компјутери кој станува се попривлечен.

„Инвеститорите oчекуваат да видат како тие ќе се вклучат во пазарот. Тие беа назад и треба да останат во трка со тоа што се случува, да демонстрираат дека навистина се иновативна компанија.“, вели менаџерот од HighMark Capital Menagement, Тод Ловенстејн за Reuters.

Иако Windows 8 ќе биде преставен сега, сепак се работи за тест верзии и за верзии со кои програмерите ќе се запознаат со системот за да креираат апликации. Официјално се очекува Windows 8 да биде достапен за користење за една година.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Стефан
Стефан
14 years ago

Е ова се вика целосно редизајнирање на Windows… Сепак незнам колку флуидно ке биде со глувче и тастатура… Но морате да признаете дека оваа е најразличната верзија до сега… :)

Мени
Заедница
Изглед
To top