SocialFolder овозможува складирање податоци од Facebook, Flickr, Google Docs…

во Совети

SocialFolder е налик на Dropbox и други веб сервиси кои овозможуваат закачување и чување на фајлови во облакот, но се разликува по тоа што овозможува да се складираат фајлови и фотографии од еден куп друштвени мрежи.

Пример, сервисот може да се поврзе со Flickr и сите фотографии кои се таму споделени ќе бидат префрлени во облакот на SocialFolder за да може подоцна да ги линкате или да ги симнете фотографиите. Исто така, доколку се закачуваат фотографии на SocialFolders, преку Windows File Explorer, тогаш истите ќе бидат префрлени на Flickr како посебен сет. Со SocialFolder истото ќе може да се прави со Facebook, Google Docs, YouTube, Photobucket и други сервиси.

„Би било фантастично да им се овозможи на луѓето да ја искористат моќта на сервисите базирани на облакот на начин кој ќе биде комплетно интегриран со нивните секојдневни животи. SocialFolder е нашиот прв експеримент во таа насока.“, вели основачот на SocialFolder, Фелипе Хонигман за TheNextWeb. Г. Хонигман е директор на Ftopia, париски сервис за споделување фајлови наменет за бизниси.

Во моментов SocialFolders е во затворена бета, нема уште информација за колку ќе е големината на слободниот простор. Бизнис моделот на овие сервиси е да наплаќаат за дополнителен простор, пример 2-3 долари месечно за 20-30 GB.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk