0 коментари 1 мин. читање

Digsby – сé во едно!

{mosimage}Имате корисничко име на повеќе месенџери и користењето на сите од нив ви ги искористува ресурсите и ви прави проблеми во прегледноста? Дополнително на тоа, активни сте на друштвените мрежи како LinkedIn, Twitter, Facebook и плус често проверувате е-маил на Yahoo!, Gmail и други сервиси? Тогаш, Digsby е правиот клиент за вас кој на лесен начин ќе ви помогне да ги менаџирате сите онлајн сервиси без кои “не можете” да поминете ниту еден ден.

Digsby е мулти-протоколен ИМ, алатка за е-маил (и POP и IMAP-базирани) известувања и програм кој го олеснува користењето на друштвените мрежи. Едноставно кажано, сé во едно!

{mosimage}

{mosimage}

Програмот е достапен за Windows, Linux i Mac платформите и е навистина лесен за користење, а тежи околу 5 мегабајти. Овој иновативен софтвер исто така овозможува на брз начин да реплицирате на добиен е-маил директно од неговиот интерфејс.

Други поинтересни опции кои ги содржи се: ИМ разговори во табови, автоматско криење на прозорците кога не ги користите, автоматско реконектирање доколку некој од сервисите изгуби конекција, интересен интерфејс и др.

Digsby е достапен за преземање на следниов линк.

П.С. Внимавајте при првичното инсталирање, во инсталацијата се вклучени две други програми во демо верзија кои не ви се потребни.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top