Ерик Шмит: Ако сакате анонимност, тогаш не користите Google+

Google е наменет да биде сервис преку кој ќе се идентификуваат луѓе, рече поранешниот директор, а сега дел од бордот на Google, Ерик Шмит, објаснувајќи ја одлуката на Google да брише кориснички профили кои користат псевдоними или измислени имиња.

Веднаш по стартувањето на друштвената мрежа, Google започна да брише кориснички профили кои не се со правото име на корисникот, туку се со псевдоним, воведувајќи го ова правило и во Условите за користење на друштвената мрежа. Ова предизвика малко незадоволство на корисниците, поради тоа што некои сакаа анонимност, а и поради тоа што Google во првичниот момент, за кој подоцна се извини, бришеше профили без да ги информира корисниците, и бришеше профили на луѓе со несекојдневни имиња.

Кога го прашаа за безбедноста на корисниците, тој изјави дека тоа зависи од корисниците бидејќи никој не ги тера со сила да ја користат мрежата, пишува Енди Карвин од единбуршката телевизија Intl кој го направи интервјуто со г. Шмит.

Според г. Шмит, нема поента да се користи друштвена мрежа само со псевдоними. Тие го изградија Google+ да биде сервис за идентификација, па затоа е потребно луѓето да го користат своето право име за врз тоа да ги изградат и идните продукти.

Но, според некои критичари, меѓу кои и познатиот њујоркшки ангел инвеститор Фред Вилсон „овде се поставаува прашањето за кого Google го изгради сервисот? За нив или за вас.“

(via Mashable)

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk