Човекот кој стана синоним за успешно користење на Веб 2.0 медиуми за промоција на својот бизнис со вино, Гери Вејнерчук, го објави последниот блог пост по 5,5 години секојдневно постирање.
Г. Вејнерчук стана познат по стартување на Wine Library TV, онлајн продавница за вино каде има најразлична содржина за алкохолниот пијалок, меѓу која има и дневни видео подкасти со кои американскиот винар со руско потекло стана еден од препознатливите личности на Веб 2.0 светот, поставувајќи ги стандардите како правилно да се искористат друштвениот медиум за да се промовира бренд.

Тој користејќи го видеото и друштвените мрежи успеа да го зголеми за неколку пати милионскиот профит на својот фамилијарен бизнис, но и успеа да стане и самиот препознатлив ширум светот со настапи на разни конференции за друштвени мрежи ширум светот, со договори за книги и освојувајќи награди за својот успех.
Според секогаш мотивираниот г. Вејнерчук, крајот на видеото е само почеток на нешто ново, сè уште има предизвикот пред него.








Којзнае што ќе му текне сега :))
Се додека се дере, урла и прави што и да прави со цел да мотивира до тогаш Гери ќе биде ftw! :)