8 коментари 1 мин. читање

ЈП Улици и патишта овозможи пријавување дупки по телефон и Веб. А што стана со Поправи.мк?

Јавното претприjатие Улици и Патишта стартува проект „Пријави дупка“ нудејќи им на грaѓаните 24 часовна можност да се јават на 15 300 или преку нивниот веб сајт да пријават дупки на скопските улици. ЈП Улици и патишта вели дека дека ова ќе допринесе до поголема комуникација со граѓаните и ќе овозможи транспарентност во работењето.

Идејата на ЈП Улици и патишта е добра, корисна. Но и веќе реализирана. Веќе постои наградена мобилна и веб апликација наменета токму за оддржување на околината, на улиците, на парковите, клупите, кантите за ѓубре…

Поправи.мк е веб и мобилна апликација која го освои првото место на Android натпреварот на Vip.

Од ЈП Улици и патишта велат дека не знаеле за Поправи.мк и не се запознаени со апликацијата, барем не додека не им се јавивме да ги прашаме што мислат за неа. Добри вести е што сега ЈП Улици и патишта и Поправи.мк ќе се сретнат на состанок за можна соработка.

Предноста на Поправи.мк е што ги користи Google Маps за мапирање на проблемите, и овозможува испраќање на фотографија. Покрај тоа нуди и анонимност за тие што се срамежливи. Исто така Поправи.мк е мобилна апликација, значи може да се пријави проблем на лице место. Поправи.мк иницијално беше започнат како независен проект, креиран од двајца програмери, а сега е поддржан од Фондацијата Метаморфозис кои ќе помогнат да се овозможат соработки со општините и за промоција на сервисот.

„Планираме на есен да направиме мала промоција и да седнеме на маса со претставници од општините затоа што скоро пуштивме и нова верзија со подобрување во комуникацијата меѓу граѓаните и општиниве. Нашава администрација е комплицирана, ама се надеваме дека ќе мрдне целата работа.“, вели Диме Пашоски, креаторот на Поправи.мк.

Од друга страна, можеби во Македонија луѓето се понавикнати да се јавуваат на телефон, бидејќи изнервирани од дупката, одејќи по импулс веднаш би завртеле телефон, отколку да се стрпат да се вратат дома и да пополнат формулар.

И двата сервиси се кориснии. Сите сме за поеколошка и поздрава околина во која живееме, дури и ако се работи само за дупки по улиците. Што мислите да се спојат двата сервиса? Едниот би добил веќе подготвена мобилна апликација, другите би добие признание и соработка со јавен сервис.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

8 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top