8 коментари 1 мин. читање

Дали Facebook ги цензурира Google+ поканите?

Доколку имате испратено линк со Google+ покана на Facebook, голема е веројатноста дека тој линк воопшто се нема појавено на Facebook. Според Google, Facebook ги блокира Google+ поканите, за корисниците да не можат да се приклучат на конкурентната друштвена мрежа.

Вработен во Google вчера постави видео на кое јасно се гледа дека во стримот на неговите пријатели неговите статуси се појавуваат, додека линковите од Google+ не се појавуваат. Oдговорниот за друштвениот аспект на Google, Вик Гундотра, на својот Google+ профил праша дали и други корисници се соочиле со истиот проблем. Според него, компанијата добила голем број на поплаки во врска со ова прашање. Оттука шпекулациите дека Facebook намерно ги саботира Google+.

Facebook се разбира ги негира обвинувањата, велејќи дека приложениот проблем во видеото не се јавува кај нив. Компанијата исто така изјави дека Facebook има технологија која го филтрира стримот на корисници од спам, па така доколку некои линкови се повторуваат многу пати ќе бидат блокирани.

Според многумина, ова е само трик на Google да потикне недоверба меѓу корисниците на Facebook, и да привлече повеќе внимание на Google+. Верувам дека ова можно е да е вистина, бидејќи кај мене на профил се појавуваат Google+ поканите. Во секој случај погледнете го видеото за да видите за што станува збор.

Напишано од

Мартин Јочвески е дипломиран филолог, основач на музичкиот веб сајт, Bass Infusion, како и радио водител на Канал 103 и Студент ФМ. Покрај љубовта кон музиката, Мартин има огромен интерес за најновите остварувања во информатичката технологија и мобилната телефонија.

Коментари

8 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top