{mosimage}Доколку и вие, како и огромен број на други корисници, уживате во можностите на Mozilla Firefox, еден од најкористените и најдобрите интернет прелистувачи во денешницата, ќе бидете навистина благодарни на следните неколку совети кои ќе ви помогнат да го подобрите своето искуство при користење на овој програм. Со помош на овие мали совети, за кои реално ќе ви бидат потребни само неколку минути, ќе можете да го забрзате Firefox без никакви загуби.
1. Овозможете ја опцијата pipelining
Начинот на кој прелистувачите вообичаено работат е преку испраќање на барање до сервер, а потоа чекаат на повратен одговор пред да продолжат понатаму. Pipelining е поагресивна техника која им овозможува на прелистувачите да испратат неколку барања во исто време и притоа да го забрзаат вчитувањето на страниците. За да ја овозможите оваа опција, треба да:
- во барот за адреси внесете about:config
- двојно кликнете на network.http.pipelining и на network.http.proxy.pipelining и сетирајте ги нивните вредности на true
- потоа, два пати кликнете на network.http.pipelining.maxrequests и внесете го бројот 8
Иаку оваа опција навистина помага во побрзо вчитување, сепак некои сервери не ја дозволуваат и тоа дополнително го намалува потребното време за вчитување на сајтот. Доколку имате проблеми со такви сервери, одберете ја опцијата false во network.http.pipelining и на network.http.proxy.pipelining
2. Побрзо рендерирање
Зададената опција на Firefox е да ги прикаже преземените содржини на даден сајт на секои 0.12 секунди при вчитувањето. Оваа опција иаку му дава на знаење на корисникот дека страницата се вчитува, сепак при отворање на големи сајтови ја намалува брзината на прелистувачот. За да го подобрите ова:
- внесете about:config
- кликнете на десниот клик во позадина и одберете New > Integer
- потоа внесете content.notify.interval и кликнете ОК
- внесете 500000 и повторно кликнете на ОК
3. Побрзо вчитување
При вчитување на секоја страна, доколку во интервал од 0.75 секунди има активност од маусот или тастатурата, Firefox го забавува вчитувањето бидејќи истовремено овозможува непречено користење на својот интерфејс. Со намалување на вредноста на оваа опција, интерфејсот на прелистувачот при вчитување може да не биде толку активен и достапен, но по завршувањето се враќа во нормална состојба.
- внесете about:config
- десен клик некаде во позадина и одберете New > Integer
- внесете content.switch.threshold и кликнете ОК
- внесете ја вредноста 250000 (четвртина од секунда) и кликнете ОК
4. Оневозможите ги прекините
Нешто слично на чекорот број 3, овојпат можете да одберете целосно да бидат игнорирани корисничките активности преку тастатурата или маусот. Доколку имате слаба интернет конекција, ова може да доведе до повремено оневозможување на прелистувачот, но сепак доколку навистина сакате да го забрзате вчитувањето вреди да пробате.
- внесете about:config
- десен клик било каде и одберете New > Boolean
- внесете content.interrupt.parsing и кликнете ОК
- одберете False и кликнете повторно ОК
5. Зголемете ја вредноста на кешот (cache)
Додека прелистувате страни на интернет, Firefox ги снима сликите и скриптите локално во кешот на вашата меморија, каде што подоцна можат да бидат повикани повторно без вчитување. Доколку имате доволно РАМ (2 ГБ или повеќе), доста го користите Firefox и редовно посетувате едни исти страни, тогаш би било навистина паметно да ја зголемите можноста за користење на меморијата.
- внесете about:config
- десен клик било каде во позадина и одберете New > Integer
- внесете browser.cache.memory.capacity и кликнете ОК
- внесете 65536 и кликнете ОК
- рестартирајте го прелистувачот