Американскиот претседател Барак Обама и Белата куќа сега се на Foursquare. Профилот на Белата куќа на локацискиот сервис ќе содржи совети и препораки за како да се комуницира со администрацијата, историски информации и други детали, како и листа на места каде што претседатолот ќе се чекира.
Корисниците кои ќе го следат профилот ќе ги добиваат најновите вести и информации за турнеите на г. Обама чија кампања за втор мандат е во тек.
Американскиот претседател е можеби најпопуларниот корисник на овoj „мал“ локациски сервис кој пред два месеци само што достигна 10 милиони корисници.
Споредено со другите мрежи тоа е мала бројка, но можеби г. Обама ќе успее да привлече нови корисници да се зачленат на Foursquare. Американскиот претседател и Белата Куќа заеднo ги следат над 10 милиони твитерџии, а на Facebook имаат над 23 милиони фанови.
Тоа што е важно во оваа „зачленување“ е што американскиот претседател продолжува да ги поставува стандардите на како политичарите треба да се ангажираат во таканаречениот „Веб 2.0“ свет, односно да се вклучат во интеракција со своите следбеници и граѓани и да обезбедат доволно информации за да се креира колку-толку потранспарентно политичко владеење.
Welcome to @foursquare, President Obama! Follow him on foursquare to see where he’s checking in and leaving tips: http://t.co/BRREVsS








Вака се тера кампања, а не со досадни спамирања.:)