Foursquare претстави топ листи за групирање на локации

Foursquare претстави нова опција наречена Top Lists преку која ќе може да се групираат омилените локации.

Тоа што е интересно е што наместо корисникот самиот да ги составува листите, Foursquare ќе предлага места кои треба да се стават во листата, одредувајќи ги според локацијата и според видот на местото, пример, италијански ресторани, барови, плажи, хотели… Foursquare ги знае местата на кои сте били, па креирањето на листите ќе биде олеснето со авто-комплетирање додека ги внесувате локациите.

„Топ листите се тоа што од секогаш сакавме да им го понудиме на корисниците: да креираат листи за работи кои ги знаат најдобро, да ги споделат со пријателите, да се здружат со пријателите за да направат листа, и да ги следат листите креирани од пријателите.“, вели директорот на 4sq, Денис Кровли.

Листите, кои се креираат од Pages страната, ќе можат да се споделат со пријателите за тие да додадат локации. Пример, како што вели Foursquare, можете да споделите листа со пријател од Париз кој ќе ви вметне локации кои тој ви ги препорачува.

Дополнително, при користење на Explore опцијата која предлага нови места, сега ќе се појавуваат и листи поврзани со локацијата кои ќе можат да се прегледаат и да се добијат идеи за добро место за посетување.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk