Тајванската компанија за паметни телефони, HTC, откупи 51% од акциите на компанијата Beats Electronics, која го редефинираше аудио пазарот благодарение на веќе култните аудио производи Beats од Др. Дре. Зделката, која HTC ги чини 309 милиони долари, треба да биде комплетирана до крајот на годината.
За HTC, оваа зделка ќе биде петта по ред годинава и ќе и овозможи на компанијата да ја интегрира аудио технологијата на Beats во своите паметни телефони. Целта на оваа зделка е HTC да се разликува од останатите мобилни компании кои го користат оперативниот систем Android, како што се Samsung и Motorola.
Според извршниот директор на HTC, Питер Чоу, неверојатниот звук е клучот за целовкупно доживување на паметните телефони. Според него, квалитетот на звукот е многу важен, и луѓето се спремни да платат повеќе за подобар квалитет. Питер Чоу исто така изјави дека одличната слика која американската јавност ја има за брендот Beats ќе придонесе за зголемување на популарноста на HTC во Америка.
Beats Electronics се најпознати по нивните слушалки кои можат да достигнат цена до 600 долари. Beats Electronics е основана во 2008 година од Џими Иовин и познатиот рапер Др. Дре. Оваа компанија во брзо време се здоби со репутација на бренд кој произведува високо квалитетни слушалки и озвучување, наменети за помладите корисници.








Yo, HTC — you got problems. And Dr. Dre can’t fix them
http://gigaom.com/2011/08/11/yo-htc-you-got-probl…