Firefox 6 своето официјално претставување ќе го има во текот на оваа недела, но интересно е тоа што новата верзија на овој веб прелистувач е веќе достапна за преземање. Доколку сакате порано да ја имате новата верзија, тогаш можете да ја преземете од FTP серверот на Mozilla, и е достапна за Windows, Mac, и Linux.
Конечната верзија на Firefox 6 не носи никакви новини во поглед на корисничкиот интерфејс, но затоа носи подобрување во брзината, па така новиот Firefox ќе биде за 20 посто побрз од Firefox 5. Новини во новата верзија се барот го истакнување на доменот преку адрес барот, ќе се стартува побрзо, има поддршка за најновите верзии на WebSocket, додаден е интерактивната прототип JavaScript околина, Scratchpad, подобрен е Firefox Sync…
Пред да ја преземете новата верзија, имајте предвид дека сепак се можни ажурирања на истата додека не биде официјално пуштена, иако мала е веројатноста за такво нешто.
Коментари
2 коментари
Коментарите се затворени.