0 коментари 2 мин. читање 12 август, 2011

Резултатите од Wolfram Alpha штотуку станаа интерактивни

Најинтелигентниот веб пребарувач во светот, Wolfram Alfpha, стартуваше нова опција која ќе овозможи интерактивна визуелизација на дадените резултати. Компанијата зад семантичкиот Wolfram Alpha, Wolfram Research, неодамна стартуваше нов формат на датотека коj треба да го смени начинот на кој ги гледаме документите. Овој формат, наречен Computable Document Format (CDF) има за цел да ги направи документите интерактивни.

Благодарение на CDF форматот, корисниците на Wolfram Alpha со помош на скролачи и разни контролори ќе можат да влијаат на добиените резултати. Па така, 3Д визуализациите сега ќе можат да се зумираат и ротираат. За да се овозможи интерактивноста најпрвин потребно е да се инсталира бесплатниот CDF плагин и потоа на сајтот на  Wolfram Alpha да ја активирате CDF поддршката. Ова ќе им биде од голема корист на најчестите корисници на Wolfram Alpha кои се претежно научници и математичари.

Интерактивноста не е сè уште достапна за сите резултати, но таму каде што е достапна навистина дава побогато искуство. Како пример дадена е планетата земја со сите сателити и благодарение на CDF форматот сега со ротирање и зумирање можете да ги видите сите земјини сателити.

Напишано од

Мартин Јовчески

Мартин Јочвески е дипломиран филолог, основач на музичкиот веб сајт, Bass Infusion, како и радио водител на Канал 103 и Студент ФМ. Покрај љубовта кон музиката, Мартин има огромен интерес за најновите остварувања во информатичката технологија и мобилната телефонија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top