Откривајте и слушајте музика додека сте на Facebook

7 коментари 2 мин. читање

Доколку сте како мене и слушате музика исклучиво на интернет, тогаш апликацијата +Music е измислена за вас. Станува збор за Chrome апликација која ви овозможува на многу едноставен начин да најдете и да слушате музика.

Откако ќе ја инсталирате, кај Chrome алатките ќе ви се појави иконка во форма на нота. Кога ќе стиснете на иконката ви се појавува плеер кој овозможува да побарате одреден изведувач, да стримате негова музика, и да ги посетите профилите што ги има изведувачот, како на Facebook, Rdio, Wikipedia, Lastfm, и многу други. Музиката се презема од блогови кои имаат постови со mp3 песни од изведувачот, или од Rdio доколку сте претплатени. Од плеерот исто така можете да ја одберете точната песна што сакате да ја слушнете од изведувачот.

Koрисна работа со +Music е тоа што ви овозможува со курсерот да го обележите името на било кој изведувач на било кој сајт, да стиснете десен клик и веднаш да пуштите листа на песни.

Но, тоа не е сè, бидејќи +Music има длабока интеграција со Facebook, кај пребарувачот ќе видите мини плеер кој ви овозможува да пуштите песна, да ја паузирате, или пак да ја прескокнете без да морате да го напуштите Facebook. Исто така кај лентата за споделување ќе ви се појави истата иконка од Chrome алатникот, и со нејзино стискање можете да споделувате песни од YouTube, mp3, или од Rdio. Кога посетувате Facebook страници на одредени изведувачи веднаш до името на изведувачот ќе ви се појават две иконки, едната е да пуштите музика од изведувачот, а другата е да ставите песни во плеерот. На страницата, под бројот на лајкови, апликацијата ви покажува Facebook страници на слични изведувачи.

Технологијата зад +Music е дело на компанијата The Echo Nest, која е одговорна за голем број на музички веб апликации.

Напишано од

Мартин Јочвески е дипломиран филолог, основач на музичкиот веб сајт, Bass Infusion, како и радио водител на Канал 103 и Студент ФМ. Покрај љубовта кон музиката, Мартин има огромен интерес за најновите остварувања во информатичката технологија и мобилната телефонија.

Коментари

7 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top