0 коментари 1 мин. читање

Google Docs се нов дизајн и кратенки за тастатура

Google Docs сега го имаат интересниот и модерен дизајн кој што претходно беше претставен со Google+. Новиот дизајн е поелегантен без истагнати линии како маргини меѓу полињата, и ги има големите црвени компчиња кои се за главните опции. Docs изгледа интересно, но се додека не отворите документ. Дизајнот на интерфејсот за уредување на документи останува ист.

Заедно со дизајнот, Google претстави и кратенки за користење на тастатурата за навигација низ едиторот. Тоа што е интересно е што не мора да се запомнат сите кратенки, кога ќе ги заборавите доволно е само да откуцате ? (прашалник) било каде на екранот и ќе се појави листата.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top