0 коментари 2 мин. читање

Gmail се збогати со панел за преглед на пораки

Googlе очигледно напорно работи на подобрување на Gmail услугите. Gmail апликацијата за iPhone вчера доби опција за освежување и интерфејс со висока резолуција. Google најави дека и Gmail услугата за стандардните вeб прелистувачи исто така ќе биде збогатена со нова опција.

Корисниците сега ќе можат да ги прегледуваат пораките користејќи ја новата опција панел за преглед, опција која веќе е достапна во Microsoft Outlook, како и во новата мејл апликација на OS X Lion. Панелот за преглед на пораки веќе е достапен на Gmail апликацијата за iPad, па најверојатно оттука инспирацијата да се интегрира и во Gmail услугата за стандардните веб прелистувачи.

За да го овозможите панелот за преглед, упатете се во Gmail settings, потоа кликнете на јазичето Labs, побарајте ја опцијата Preview Pane и кликнете enable. Откако ќе кликнете enable, над пораките, во десниот агол ќе ви се појави копче кое ќе ви овозможи да одберете дали сакате пораките да ги прегледувате хоризонтално, вертикално, или да не ги прегледувате. Откако ќе стиснете да прегледате некоја порака, после 3 секунди пораката е претставена како прочитана.

Бидејќи прегледот на пораки е производ на Google Labs, и само што беше лансиран, можат да се најдат мали проблеми при вертикалниот преглед, како што е чудната ширина, како и проблем со скролањето. Меѓутоа ова се ситни проблеми кои Google ќе ги реши во најбрз можен рок.

Напишано од

Мартин Јочвески е дипломиран филолог, основач на музичкиот веб сајт, Bass Infusion, како и радио водител на Канал 103 и Студент ФМ. Покрај љубовта кон музиката, Мартин има огромен интерес за најновите остварувања во информатичката технологија и мобилната телефонија.

Мени
Заедница
Изглед
To top