2 коментари 1 мин. читање

Google сака да ви го забрза сајтот

Google претстави нова услуга Page Speed која би требало да го забрза вчитувањето на вашиот веб сајт од 25 до 60%! Google претходно објавени Page Speed екстензија и API кои нудеа сугестии за забрзување на вчитувањето на сајтот.

Принципот на кој работи сервисот е да ги насочите вашите DNS сервери кон Google адреса од каде гигантот ќе ги превземе содржини и ќе започне да го препишува сајтот, да ги копресира сликите, да го средува CSS-то, да ги пакува ресурсите и да користи други техники за побрзување на сајтот, и да ги опслужува сајтовите преку своите сервери ширум светот.

Google понуди и алатка со која може да се тестира вашиот сајт и да се види како Google ќе може и колку ќе може да го забрза сајтот.

Овој сервис е бесплатен за лимитираните тестери, но ќе се плаќа кога ќе биде стартуван. Сè уште нема цена.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top