0 коментари 2 мин. читање 29 јули, 2011

Apple e најголемиот во свет произведувач на паметни телефони, и тоа само со еден телефон!

Според извештај на Strategy Analytics, Apple моментално е најголемиот произведувач на паметни телефони во свет, благодарение на одличната продажба на нивниот единствен телефон – iPhone. Во вториот квартал од 2011 година, Apple успеа да ги надмине Nokia и Samsung.

На глобално ниво, бројката на испорачани паметни телефони за вториот квартал има пораст за 76 отсто, на рекордни 110 милиони парчиња. Откако Nokia, на почетокот од годината, најави дека оперативниот систем Symbian ќе биде заменет со Windows Phone, бројката на испорачни телефони им се намали за 30%, поточно од 23.8 милиони на 16.7 милиони. Apple пак ја дуплираше својата бројка, од 8.4 милиони парчиња на 20.3 милиони. Samsung доживеа уште поголемо покачување на испорачани паметни телефони, од 3.1 милион на 19.2 милиони.

Со ова, Apple има 18,5 % од пазарот, Samsung се наоѓа на втора позиција со 17,5%, за третото место да биде резервирано за Nokia со 15,2 отсто од светскиот пазар.

Уште една интересен факт за успешноста на Apple, е веста дека оваа компанија има поголемa ликвидност од САД. Според последниот извештај на Министерството за финансии на САД, државата има оперативен биланс од 73.768 милијарди долари, додека во последниот извештај за финансиската состојба на Apple стои дека компанијата располага со 75.876 милијарди долари. Според ова, Стив Џобс и Apple е помоќен и од најмоќната држава во светот!

(почетната слика е од RatBastardComics.com)

Напишано од

Мартин Јовчески

Мартин Јочвески е дипломиран филолог, основач на музичкиот веб сајт, Bass Infusion, како и радио водител на Канал 103 и Студент ФМ. Покрај љубовта кон музиката, Мартин има огромен интерес за најновите остварувања во информатичката технологија и мобилната телефонија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
To top
{title}