За сите Windows корисници сега е достапна новата подобрена верзија на Skype која има поголема Facebook интеграција.
Сега, без да го напуштате Skype, можете да проверите дали вашите Facebook пријатели се онлајн и веднаш да разговарате со нив преку новото јазиче Facebook Contacts. Исто така без да го напуштате Skype можете да ставите статус на Facebook, да oдговарате на коментари, или пак да лајкате постови. Оваа подлабока интеграција ќе им користи на сите оние кои поминуваат долго време на Skypе, а сакаат да проверат што се случува на Facebook.
Покрај подлабоката интеграција со Facebook, новата верзија на Skype ги има подобрено и Skype повиците, поточно подобрена е контролата на видео повиците и групните видео повици. Исто така има и неколку дизајнерски промени кои имаат за цел да го подобрат Skype искуството.
И како за крај, за сите љубители на смајлиња, Skype 5.5 вклучува неколку нови, а анимациите на веќе постечките се подобрени.
Коментари
3 коментари
Коментарите се затворени.