Твитер интегрира спонзорирани твитови во стримовите

Појавувањето на Google+ предизвика Facebook да ја претстави новата секција која има за цел да го олесни рекламирањето на компаниите. За да остане конкурентен и интересен за компаниите, и Twitter тргна по истите стапки како Facebook и претстави нов подобрен начин за рекламирање.

Станува збор за вметнување на спонзорирани твитови во стримовите на корисниците. Овој начин на промовирање брендови на Twitter е најнападен до сега. Добрата работа е тоа што во вашиот стрим ќе се најдат само оние твитови од брендови кои ги веќе ги следите. Твитовите ќе се наоѓаат на почетокот од стримот, и од кога ќе бидат видени, ќе почнат да се однесуваат како нормален твит.

Твитовите ќе бидат потполно исти како што се и сега, со таа разлика што ќе има знакче кое ќе укажува на тоа дека се работи за спонзориран твит. Овие твитови ќе можат да бидат видени само на сајтот на Twitter, не на Twitter клиенти, како што се Tweetbot и Tweetdeck.

До сега, брендовите се промовираа со спонзорирани твитови, кој се појавуваа во резултатите при пребарување, и со спонзорирани трендови кои се појавуваа на страничниот бар.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk