4 коментари 1 мин. читање

Уапсен гласноговoрникот на LulzSec

Scotland Yard вчера најави дека имаат уапсено 18 годишно момче за кое се смета дека е дел од хакерската група LulzSec, која во изминатиов период, заедно со Anonymous, е мета на полицијата.

Во извештајот на Scotland Yard стои дека во Шкотска, поточно на Шетландските Oстрови, го имаат најдено и уапсено членот Topiary, кој се смета дека е личноста одговорна за Twitter профилот на @Lulzsec. Topiary претходно е познат и како ПР лице за интернет активистите Anonymous. Topiary моментално е префрлен во Лондон на испрашување. Пред еден месец, во Англија беше уапсен уште еден член на LulzSec, Рајан Клерли.

Двете хакерски групи LulzSec и Anonymous, со кои е поврзан Topiary, се сомничат дека сториле кривични дела со пробивање на веб сајтови на разни државни институции и финансиски организации. Според хакерите, тие пробивања и срушувања на сајтови се нова, модерна форма на протест.

Полицијата во САД, Британија и Холандија изминатава недела уапси над 20 луѓе кои се осомничени дека како дел од Anonymous групата го нападнале сајтот на PayPal во декември. Осомничените се обвинети за онлајн напад. Неколкумина од десетината уапсени се тинејџери под 18 години.

(Via BBC)

Напишано од

Мартин Јочвески е дипломиран филолог, основач на музичкиот веб сајт, Bass Infusion, како и радио водител на Канал 103 и Студент ФМ. Покрај љубовта кон музиката, Мартин има огромен интерес за најновите остварувања во информатичката технологија и мобилната телефонија.

Коментари

4 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top