1 коментар 2 мин. читање 28 јули, 2011

Среќен 30-ти роденден MS-DOS!

Пред точно 30 години, во далечната 1981, системот QDOS беше купен од една компјутерска компанија наречена Microsoft, и стана познат како MS-DOS, или Microsoft Disk Operating System. Таа мала бизнис зделка ќе го направи Бил Гејтс еден од најбогатите луѓе во светот.

Процесорот врз кој е направен првичниот оперативен систем QDOS, наречен Intel 8088, најпрво бeше наменет за оперативниот систем CP/M-86 на компанијата Digital Research, но бидејќи беше спремен месеци пред оперативниот систем, Тим Питерсон за да го тестира процесорот разви едноставен оперативен систем кој се базираше на CP/M-86. Овој оперативен систем ќе стане познат како QDOS, скратено за Quick and Dirty Operating System.

Во тоа време IBM направи компјутер кој зависи од Intel 8088 и за кој им беше потребен оперативен систем за него. Бил Гејтс се понудил неговата компанија, Microsoft, да направи оперативен систем, но како што претпоставувате, отиде кај Питерсон и за 50.000 долари го купи веќе постоечкиот QDOS, преименувајќи го во MS-DOS. IBM пред да се упатат кај Бил Гејтс, за својот компјутер го планирале оперативниот систем CP/M-86, но за жал не успеаја да постигнат договор.

Бил Гејтс потоа направи одличен потег задржувајќи ги правата оперативниот систем MS-DOS да биде продаван одделно од компјутерите на IBM. Овој потег ќе му донесе на Microsoft многу пари. MS-DOS престанува да се произведува во 1995, кога излегува Windows 95.

Напишано од

Мартин Јовчески

Мартин Јочвески е дипломиран филолог, основач на музичкиот веб сајт, Bass Infusion, како и радио водител на Канал 103 и Студент ФМ. Покрај љубовта кон музиката, Мартин има огромен интерес за најновите остварувања во информатичката технологија и мобилната телефонија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
stefan
stefan
14 years ago

сечам се…

Мени
Заедница
To top
{title}