1 коментар 2 мин. читање

Нова подобрена верзија на Google+ за Аndroid

После само една недела Google веќе ја ажурираа апликацијата Google+ за Аndroid. Новата верзија има подобрен кориснички интерфејс, прилагодување на стримот и поправки на голем број проблеми кои се имаат појавено.

На Аndroid пазарот веќе е достапна верзијата 1.0.2 која корисниците ќе можат да си го приспособуваат стримот да прикажува стримови од индивидуални кругови, како и да го користат новиот кориснички интерфејс кој им овозможува на корисниците да додаваат повеќе луѓе или цели кругови во веќе постоечки групи. Корисниците сега исто така ќе можат да ја подесат како позадина онаа слика што во моментот ја гледаат.

Голем број на проблеми се поправени во оваа верзија, меѓутоа сè уште се јавува проблем со ставање +1 на коментар, не може да се види кој ставил +1, корисниците на Google Apps не можат да креираат профил, и има тешкотии со уредување на профили. На овие проблеми се работи и да се надеваме во наредната верзија ќе бидат поправени.

Сè уште нема никакви информации за тоа кога треба да се појави Google+ апликацијата за iPhone.

Кога сме кај Google+, основачот Лери Пејџ за време на извештајот за заработката на Google во вториот квартал, oткри дека оваа социјална мрежа во рок од две недели веќе има 10 милиони корисници и дека дневно се споделуваат над милијарда постови.

*За жал, решението кое го споменавме претходно со My Market апликацијата, која не бара рутирање на телефонот за да се лажира провајдерот и со тоа да се симне Google+ апликацијата од Македонија, не е можно веќе. MyMarket е тргната од пазарот.

**Но се чини функционира со Market Enabler. Ќе ви е потребен рутиран телефон.

Напишано од

Мартин Јочвески е дипломиран филолог, основач на музичкиот веб сајт, Bass Infusion, како и радио водител на Канал 103 и Студент ФМ. Покрај љубовта кон музиката, Мартин има огромен интерес за најновите остварувања во информатичката технологија и мобилната телефонија.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top