2 коментари 2 мин. читање 15 јули, 2011

Направете си Wi-Fi галерија од вашиот Android телефон на вашиот PC

Доколку некогаш сакате да се пофалите на вашите пријатели за одличните фотографии кои сте ги сликнале со вашиот Аndroid телефон, тогаш следната апликација би требало да ви се допадне. Станува збор за апликацијата Wifi Gallery, која е бесплатна за преземање, и ви овозможува да ги гледате вашите фотографии како слајдови на вашиот компјутер.

Wifi Gallery ви овозможува да ги прикажете фотографиите на вашиот компјутер без да користите кабли ниту пак да ги префрлате во компјутер. Сè што треба е компјутерот и телефонот да бидат на иста безжична мрежа. Откако ќе ја инсталирате апликацијата, вклучете ја за да го видите URL-то кое треба да биде вметнато во веб пребарувачот. Апликацијата е едноставна, има многу малку можности за подесувања, меѓу нив спаѓа можноста за подесување на големината на фотографиите.

За да одредите кои фотографии да бидат прикажани на вашиот компјутер, притиснете на копчето Pick Start Image. Ова ќе ве однесе до вашиот основен прегледувач на галерии, од каде што ќе можете да изберете која галерија сакате да биде прикажана на вашиот компјутер. Апликацијата Wifi Gallery има едноставен изглед и е многу лесна за користење.

Напишано од

Мартин Јовчески

Мартин Јочвески е дипломиран филолог, основач на музичкиот веб сајт, Bass Infusion, како и радио водител на Канал 103 и Студент ФМ. Покрај љубовта кон музиката, Мартин има огромен интерес за најновите остварувања во информатичката технологија и мобилната телефонија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Гоце
Гоце
15 years ago

Препорачливо е линк на апликацијата до Андроид маркетот. https://market.android.com/details?id=net.mcbf.sq
Немаат сите AppBrain инсталирано или пак знаат да инсталираат апликации од друго место.

IT.com.mk
Admin
15 years ago
Reply to  Гоце

Поправено. QR поправено. :)

Мени
Заедница
Изглед
To top