Google+ има 10 милиони корисници, со 2.2 нови корисници во само последниве 34 часа, вели Пол Ален кој со интересна методологија ги пресмета корисниците на новата друштвени мрежи. Тој користејќи го американскиот попис ги споредувал презимињата од пописот и тие на друштвената мрежа за да го процени процентот на американските државјани на Google+. Тој пресмета дека има 2.12 не-американски корисници за секој американец, доаѓајќи до бројка од 9.5 милиони корисници.
Тоа е пред 24 часа. Земајќи в обзир дека мрежата расне се побрзо и побрзо, Google лесно ќе надмине 10 милиони до крајот на денот (ако не помина веќе). Бројката е уште поинтересна ако се знае дека мрежата не е јавна, односно кога ќе дозволи Google самите корисници праќаат покани до други корисници да се приклучат на мрежата. Ова „поканување“ е бидејќи Google+ уште е во тест фаза.
Но, бидејќи зборуваме за Google, за компанија чии сајтови се 1 милијарда пати посетени во месец, со сервиси како Gmail со стотина милиони корисници, па 10-те милиони и можеби не изгледаат којзнае колку импресивно. Може да се каже и дека конкурентот Facebook има 75 пати повеќе корисници, па оваа вест не ни звучи забавно за читање. Сепак, Google+ е од пред месец дена.
Кога сме на тема Google+ и Facebook, еве еден интересен инфографик од Technobombs за разликите меѓу двете конкурентни мрежи.

Коментари
6 коментари
Коментарите се затворени.