Ако некако сте успеале да не разберете зошто некој би крадел карактери на други луѓе одговорот е прилично едноставен – ПАРИ! За скоро секоја игра постои интернет страна на која можете да смените виртуелни валути за вистински пари. Постојат илјадници страни од типот на www.ige.com на кои можете да купите виртуелни пари за игрите, и покрај тоа што за Wоrld of Warcraft, на пример, купување на злато за пари е забрaнето и може да ви го исклучат профилот. Вообичаена тактика на овие „хакери“ е да отворат лажен профил кој го користат за чување на парите и на кој ги праќаат парите од ограбените корисници.
Омилена стартна зона им се форумите и страните на гилдовите, па не е лоша идеја да корисничкото име на овие страни да ви се разликува од името и лозинката кои ги користите за играта. Во последнава година се популарни се phishing измами, праќаат имејл кои наликува на имејл од дистрибутерот, ама секогаш ве префрла да ги оставите вашите податоци на нивните страни. Ако не сте апсолутно сигурни дека линковите, адресите и пораките се автентични најдобро да не ги отворате.
Да бидете мртви во Azeroth не е најлошата работа која може да ви се случи
Заштитете го компјутерот од malware, користете антивирус и firewall. Keylogger-ите се уште еден начин за крадење на вашите податоци и единствен сигурен начин на заштита е да ги немате. Copy и Paste функционира само кај keylogger кои не го копираат клипбордот. Тука спаѓаат и бот програми или скрипти кои играчот ги користи за автоматско играње на карактерот, а често доаѓаат со прикачен logger или тројанец. Доколку играте WoW можеби треба да размислите за Blizzard Authenticator, што е физичка алатка, со големина да се закачи за клуч, преку која се добива дигитален код за безбедно логирање во играта.
Најбезобразниот начин на кражба е да е некако да ве измолат да ги размените карактерите, се разбира тие немаат намера да ви го вратат карактерот ниту да ви го дадат нивниот. Колку и да изгледа неверојатно и овој начин, сепак успева, со оглед на тоа дека ММО играат и помлади играчи неретко помали од 10 години.
Или накратко:
- Редовни надградби (updates) на оперативниот систем со цел да се закрпат безбедносните дупки
- Редовен update на антивирус и на firewall
- Не користете лесни лозинки и не ги повторувајте
- Не ги делите вашите податоци
- Ако не сте сигурни за потеклото на имејлотот не ги отварајте линковите

Коментари
3 коментари
Коментарите се затворени.