0 коментари 1 мин. читање

Исчистете го вашиот Mac уред со Cleaner-App

Во случај да имате уред со macOS 10.10 или понов оперативен систем, тогаш Cleaner-App се чини како бесплатна апликација која едноставно мора да ја имате. Оваа алатка ќе ви помогне да го повратите вашиот простор на хард дискот. Имено, игрите и програмите знаат и те како да се опуштат и да заземат значително поголем колач од вашиот слободен простор, а во слична ситуација се наоѓате и доколку имате колекција од бројни фотографии и видео материјали во висока резолуција.

Cleaner-App го скенира вашиот Mac уред и бара работи кои би можеле да се отстранат, како дупликати или податоци со исти имиња. Програмот ќе ви го насочи вниманието и кон преземени податоци од интернет или огромни фајлови кои би можеле да се префрлат на надворешен хард диск.

Најновата верзија на Cleaner-App конечно ви дозволува да пребарувате не само исклучително „тешки“ податоци туку и дупликати, односно клонови. Лоцирањето на ваквите податоци е значително забрзано и олеснето.

Во случај да барате слична апликација за Windows оперативниот систем, тогаш не мора да барате подалеку од Revo Uninstaller и CCleaner, или Black Bird Cleaner, како и FreeDriveC.

Напишано од

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Мени
Заедница
Изглед
To top