Процесот на креирање 3Д модели со Photofly не може да биде полесен. Првин фотографирате предмет под неколку разни агли, ги додавате сликите во алатката и voila – имате 3Д модел кој може да го експортирате во друг програм AutoCAD, Inventor, 3D Max… Во Photofly има и опција да го споделите 3Д моделот директно на YouTube или да го споделите преку iPad и iPhone.
Photo Scene Editor е малата апликација која се инсталира на компјутерот, преку која ги закачувате фотографиите на Photofly серверите кои, преку облак технологијата, го креираат 3Д моделот. Доколку не сакате самиот софтвер автоматски да ги поврзе фотографиите, имате Manual Stich опција за рачно поврзување, и со тоа одредување на движењето на камерата.
Тоа што е интересно е што, во примерот со статуата на „Набљудувачот“ е што на голем дел од фотографиите имаше фатено во кадар луѓе кои поминуваат. Како што може да се види од 3Д моделот, поминувачите ги нема. Најверојатно софтверот најдобро работи со статични фигури, односно фигури кои ќе се појават во поголем дел од фотографиите. 3Д моделот на „Набљудувачот“ е направен од фотографии сликани 4 предни агли, со по 5-6 фотографии.
Во моментов алаткава е во експериментална фаза, 2.0 верзијата излезе на крај на мај, а Autodesk сè уште размислува како да ја искористи, дали да ја вклучи во својот софтвер како додаток или да ја објави како посебна алатка.
„Фидбекот ќе одлучи за следните чекори. Мора да видиме каква е реакцијата на луѓето. Една можност е ова да биде веб сервис кој е достапен на корисниците кои се на претплата. Може да вклучме UI што е едитор на фотосцени во идните изданија на AutoCAD, Inventor, Revit, 3ds Max, итн. Но, премногу е рано да се каже. Иднината на сервисот навистина зависи од корисничкото искуство.“, ни објасни Скот Шепард, програмски менаџер на Autodesk Labs.
Еве уште едно видео, ова е креаирано од Горјан Јовановски. Повеќе примери ќе најдете во галеријата на Photofly.










