За прв пат е-спорт натпревар од Македонија беше пренесуван на телевизиски канали. Љубителите на е-спортот можеа натпреварите од полуфиналната и финалната фаза на Националната еспорт лига да ги изгледаат на Twitch, но и спортскиот канал Sport Klub 3. Во овие финални натпревари учествуваа: Evolution Online, ME6, Vincit Omnia, Blade’s Edge, Entity Ochrid и Level MK.
Победник на првата Национална еспорт лига во League of Legends е тимот Evolution Online. Со ова тимот се избори за квалификации за Балканската еспорт лига. Ако успешно ги помине квалификациите Evolution Online ќе не претставува на балканско и доколку постигне успех и во оваа фаза од натпреварувањето, продолжува понатаму во регионалната фаза.
Во моментов се одржуваат Националните лиги во Counter Strike: Global Offensive и Dota 2. Завршницата на овие лиги ќе биде лан или офлајн, односно играчите ќе играат на претходно утврдена локација. Победничкиот тим на CS:GO, доколку се обезбеди пласман на светското Еспорт првенство на ИЕСФ, ќе ја претставува Македонија во Јужна Кореја.
Иако ова е првпат да биде пренесувана македонска еспорт лига, сепак не е прв првпат македонски тим да биде пренесуван на традиционален телевизиски канал. Претходно на Sport Klub 3 беа пренесувани натпреварите на Evolution Online.







