Копирајте и префрлувајте текст од еден на друг уред со Clip Cloud

Кога сакате да копирате одреден текст, го селектирате и копирате од еден документ и го префрлувате во друг. Процедурата е едноставна и одлично функционира, а, за подобра ефикасност, често се користат и соодветни кратенки (за овие и многу други кратенки, кликнете тука!).

Но, што правите во ситуации кога сакате да копирате некој текст од компјутер, но да го префрлите на телефон? Одредени корисници се снаоѓаат со она што имаат, па копираат текст на компјутер, го праќаат од еден на друг личен и-мејл, па, преку мејлот го копираат во телефонот. Други корисници користат Clip Cloud.

Clip Cloud ги користи способностите на сервисот Cloud Messaging, на Google, за да пренесе текст кој сте го копирале од една направа на друга. Имено, селектирате и копирате текст од Windows компјутер и, доколку сте поврзани преку интернет, веднаш можете истиот да го префрлите во Android телефон, или компјутер со Linux оперативен систем. Префрлувањето е инстантно и овозможено за кој било документ или која било апликација.

За непречено функционирање, потребно е да се логирате во вашиот Google акаунт и да инсталирате мала и бесплатна екстензија за вашиот Chrome прелистувач. Екстензијата работи на Windows, Мac или Linux засновани системи. Иако Clip Cloud е безбедно решение (копираното е заштитено со AES енкрипција), две работи не нѝ се допаѓаат. Не можете да копирате текст кој е подолг од 2000 карактери. Дополнително, програмот е бесплатен само во првите 30 дена. Доколку почувствувате дека имате потреба за понатамошно користење, потребно е платите симболична претплата од 1 евро, или еднократна цена од 6 евра.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments