4 коментари 1 мин. читање

Вистиномер.мк ги споредува ветувањата со остварувањата на партиите

Алатката во моментов ги има само ветувањата од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ бидејќи, како што велат од фондацијата, тие се на власт во моментов. Но, во наредната фаза на сервисот, која е после парламентарните избори, ќе се додадат и другите партии.

„Вистиномер ќе продолжи да функционира долгорочно и ќе го следи остварувањето на предизборните ветувања на победниците на изборите 2011 (кои и да се), како и изјавите на политичарите кои може да се класифицираат како ветувања меѓу самите избори.“

Вистиномер.мк не навлегува којзнае колку во деталите на ветувањата. Има само кратко објаснување со секое ветување, во случај доколку е оценето како делумно или целосно исполнето. Но, како дополнување на објаснувањето има линкови до вести од разни медиуми кои се во контекст со ветувањето. Пример, ако ВМРО ветило Кампања за борба против пороци, на тоа е додадено кратко објаснување што е направено и линк до текст од МИА што покажува дека имало промоција на кампањата.

Тоа што е интересно е што сега веб алатката конечно ќе овозможи информации за сите ветувања и остварувања што дефинитивно ќе помогне во постојаните политички дебати пред камери или меѓу пријателите.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

4 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top