0 коментари 2 мин. читање 21 февруари, 2019

До поздраво тело со MyFitnessPal

Новогодишните празници одамна поминаа, но, некако, вашите новогодишни резолуции за поздраво и повитко тело и понатаму се во мирување. Многумина во слична ситуација, посегнуваат по една, или десет, фитнес апликации, но, со оглед на големиот интерес во вакво нешто, пазарот со фитнес апликации е исклучително презаситен и тешко се пронаоѓа идеалната апликација.

MyFitnessPal е една од најдобрите апликации на кои би можеле да наидете, највеќе поради тоа што нуди исклучително лесни и крајно флексибилни начини кои водат кон поздраво тело. Можете да го броите внесот на калориите, да ги забележувате сите ваши тренинг сесии, да поставувате и остварувате цели, како и многу повеќе. Апликацијата ги подржува сите поголеми фитнес тракери, а лесно можете да се поврзете со социјалните мрежи и да пробате и на тој начин да ја одржувате вашата мотивација.

MyFitnessPal ви стои на располагање за Android, или iOS.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top