Има нешто исклучително релаксирачко во процесот на диригирање, односно управување со оркестар. Малкумина, меѓутоа, имаат можност да го искусат вистинското нешто. Google сака да го промени таквото нешто и ви дава на располагање интересен нов експеримент, директно од вашиот прелистувач.
Користејќи алгоритми на вештачка интелигенција, Semi-Conductor ви дозволува да диригирате со оркестар така што ги движите вашите раце пред вашата камера. Semi-Conductor користи сторици аудио фајлови од снимени инструменти и PoseNet библиотека за да ги мапира вашите движења. PoseNet се заснова на machine-learning алгоритми. Во моментот кога ќе го посетите сајтот и кликнете на копчето START, ќе бидете замолени да ја поставите главата и рацете во претходно одредената рамка. Потоа, со вашето тело, и регистрирани од камерата, ќе диригирате на делото на Моцарт, насловено Eine Kleine Nachtmusik.
За време на диригирањето, лесно можете да забележите кои инструменти каде се наоѓаат и како можете да влијаете на нивната изведба. Имено, што побрзо мрдате со рацете, тоа побрзо свири оркестарот. Доколку ги кренете рацете погоре, музиката ќе стане погласна, а доколку ги спуштите подолу, музиката ќе стане потивка.
Semi-Conductor, на Google, е фасцинантен експеримент кој инстантно нѝ измами насмевка. Комшиите, меѓутоа, не беа толку лесно импресионирани.