0 коментари 2 мин. читање 13 февруари, 2019

naBoota е апликација за создавање бутабилни USB-a

За инсталација на Windows 10 имате повеќе од одлична, официјална алатка која ви дозволува да го преземете оперативниост систем во ISO формат, но и директно да го прилагодите како бутабилно USB. Други оперативни системи ви дозволуваат само да ги преземете во ISO форматот, а потоа да ги изрежате на CD, односно DVD и на тој начин да си го инсталирате оперативниот систем.

Во случај да сакате да инсталирате оперативен систем преку бутабилно USB, потрeбна ви е помош од дополнителни апликации. Rufus е една таква алатка. Пишувавме за неа тука,

naBoota е поедноставна и значително понова алтернатива.

naBoota е бесплатен програм кој е исклучително лесен за користење и бара од вас само да кликнете на копчето со Image, да ја пронајдете саканата ISO слика, да кликнете на Drive за да го одберете претходно вметнатото USB, да внесете име во Title и, за крај, да кликнете на копето Begin. Поради ваквата едноставност во извршувањето, нема да наидете на никакви дополнителни, или комплексни прилагодувања, со што, алатката исклучително се препорачува на почетници.

Покрај ISO слики, апликацијата може да користи и фајлови како 7Z, RAR, ZIP и DMZ. Имаме прочитано дека со некои од овие формати, бутабилната состојба не е секогаш изводлива.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top