0 коментари 1 мин. читање

Ова е дел од производството на Tesla Model 3

Tesla Model 3 е еден од најдобрите електрични возила. За жал производството е бавно, а во последното тримесечје од 2018 година, Tesla испорачале „само“ 97 000 возила. Оваа бројка е за 2 000 возила помала од предвидувањата на Wall Street.

За поголемите компании ова е „никаква“ бројка, но за Tesla ова е рекорд. Компанијата никогаш нема произведено повеќе возила за три месеци.

Дополнително, Tesla ќе ги поевтини возилата, но цената за купувачите ќе биде повисока. Причина за ова е прекинувањето на даночните олеснувања за сите кои купуваа електрични возила кои може да се полнат од електричната мрежа.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top