0 коментари 2 мин. читање 24 декември, 2018

Половина од резултатите од пребарувањата на Google се со„приоритет на мобилен“

Google неколку години работи на приоритизирање на мобилните верзии на веб-страниците. Сега компанијата може да се пофали дека нивните напори конечно носат резулат. Половина од резултатите кои се појавуваат во пребарувањето сега се индексирани со „mobile-first“. Но, она што е импресивно е дека ова е направено последнава година.

Ако „сурфате“ од вашиот десктоп се прашувате зошто оптимизирањето на мобилните страници е толку важно за Google, одговорот е едноставен. Вие (ние) одамна сме малцинство. Најголем дел од пребарувањата, но и пристап до интернет е од паметни телефони.

„Пред респонзивниот веб-дизајн да биде пракса, многу сопственици на сајтови изработуваа посебна, поедноставна, често и помалку информативна верзија на нивната веб-страница за посетителите од мобилни уреди. Овие корисници можеби ќе дојдат на страниците како резултат на пребарување на Google. А таму, не можеа да го најдат она што бараат, бидејќи беше достапно единствено на десктоп верзија на веб-страницата“, вели TechCrunch.

Токму поради ваквото менување на содржина немаше поента индексирањето да се прави на десктоп верзиите, па Google одлучи за нивниот пребарувач релевантна, или барем порелевантна да биде мобилната верзија на страниците.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top